Србија ја спушти рампата за извоз на гас до крајот на овој месец
Српската влада денеска донесе одлука со која забрани извоз и изнесување на природниот гас од Србија.
Забраната ќе важи до 31-ви октомври за да се обезбеди сигурно снабдување на домашниот пазар и за да се спречи можна штета за стопанството и за граѓаните.
Владата во Белград соопшти дека одлуката е донесена за да се спречи заканата од критичен недостаток на гас којшто е предизвикан од поместувањата на светските енергетски пазари.
Македонската влада пак најави дека преговара со Србија за замена на нивниот гас за струја произведена во Македонија. Засега нема информации до каде е постапката и како одлуката во Белград ќе влијае на преговорите.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: