ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Србија доби од Русија четири Ми-35М

Четири борбено-транспортни хеликоптери Ми-35М ѝ се испорачани на Република Србија. Леталата беа транспортирани до воениот аеродром „Полковник пилот Миленко Павловиќ“ во Батајница со тежок воено-транспортен авион Ан-124 „Руслан“.

Леталата се испорачани пред договорениот рок, пренесува српски „Спутник“. На почетокот беше предвидено да бидат испорачани до април следната година, но, сè беше реализирано неколку месеци порано.

Ми-35М претставува модернизација на ударниот хеликоптер Ми-24В/ВП со цел подобрување на летечко-техничките и експлоатациските карактеристики на леталото, како и значително надградување на офанзивно-навигацискиот комплекс што може да користи проширен асортиман на убоен товар. Оваа модификација ја доби ознаката Ми-24ВМ (експортна верзија Ми-35М).

Хеликоптерот се карактеризира со пософистицирана структура на хеликоптерската елиса добиена со употреба на специјални композитни материјали на база на фиберглас/стаклопластика, која исто така беше применета и во случајот со ударниот хеликоптер од нова генерација Ми-28Н. Потоа, значително е подобрен и проширен асортиманот на високопрецизното оружје, како и офанзивно-навигациониот комплекс. Овие технолошки постапки обезбедија и продолжување на работниот век на хеликоптерот и до 15 години.

Применетите технолошки процедури во изработката на Ми-24ВМ (Ми-35М) севкупно ја зголемуваат ефикасноста на леталото за дури 2 пати во однос на неговиот претходник Ми-24/Ми-25 и неговите бројни верзии.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.