Србија добива уште милион дози, АстраЗенека доби зелено светло од ЕУ
Србија за еден месец ќе добие уште еден милион вакцини. Претседателот Вучиќ ја потврди оваа информација, но не прецизираше за какви вакцини станува збор и од каде ќе се набавуваат.
-Денеска можам да ви кажам, а знаете дека не се повикувам на Договори. Бидејќи, по Договори обезбедивме 6,5 милиони вакцини, но сега не зборувам за Договори, туку за вистински вакцини. Пред почетокот на март, значи за месец дена ќе добиеме уште милион вакцини. Добив цврсто ветување, да живее Србија, истакна претседателот Вучиќ.
И додека Македонија ги чека првите дози, досега над 420.000 Срби се вакцинираа против Ковид-19.
Во меѓувреме, вакцината на АстраЗенека доби зелено светло од Европската унија. Оваа на Твитер го соопшти шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
-Очекуваме дека компанијата ќе испорача 400 милиони дози како што е договорено. Ќе продолжиме да правиме се што можеме за да обезбедиме вакцини за Европа, нашите соседи и партнери ширум светот, напиша фон дер Лајен.
Сепак, треба да се знае дека оваа вакцина не е препорачлива за лица над 65 години и е барем засега е наменета само за луѓе кои се на возраст од 18 до 64 години.
И вакцината на „Џонсон енд Џонсон“ би требало наскоро да се најде на пазарот. Станува збор за прва вакцина за која потребна е само една доза за да се обезбеди заштита од коронавирусот.
Сепак, прелиминарните истражувања покажуваат дека само една доза може да нема исти резултати како останатите од кои се примаат две дози. Вакцината на „Џонсон енд Џонсон“ е доста послаба против мутацијата на Ковид која се појави во Јужна Африка.
Компанијата најави дека ќе бара итно одобрување за нејзина употреба во САД.