ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Србите на Косово и денеска протестираат во Звечан, остро тонови од меѓународните сојузници до Курти

Косовските Срби и денеска се собраа на протест во Звечан барајќи специјалните сили да ја напуштат општинската зграда. Ситуацијата и понатаму е тензична по инцидентите во Звечан, кога демонстрантите се судрија со мировниците на НАТО при што 30 припадници на КФОР беа повредени, а со тоа се зголемија стравувањата од обновување на конфликтот во проблематичниот регион. Демонстрантите на денешниот протест му порачаа на Курти „„Ние не сме криминалци, ние само сакаме слобода“.

ОНА ШТО ГО БАРАМЕ Е СПЕЦИЈАЛНИТЕ СИЛИ ВЕДНАШ ДА ЈА НАПУШТАТ ЗГРАДАТА НА ОПШТИНАТА ЗА ДА МОЖЕМЕ ДА СЕ ВРАТИМЕ ВО НАШИТЕ КАНЦЕЛАРИИ И ДА ПРОДОЛЖИМЕ СО РАБОТА. НИЕ ИСТО ТАКА САКАМЕ ОВДЕ ДА ЗАВЛАДЕЕ МИР И ДА ГО ПРОДОЛЖИМЕ ЖИВОТОТ КАКО СВОИ НА СВОЕТО. А ТОЈ, ЛАЖНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НЕКА НЕ ДОАЃА ВО НАШАТА ОПШТИНА, НА НАШИОТ ЗВЕЧАН ЗАТОА ШТО НИЕ НЕ ГО ИЗБРАВМЕ, ПОРАЧА ОД ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НАТАША АКСЕНТИЈЕВИЌ, ВРАБОТЕНА ВО ОПШТИНАТА.

Европската Унија се придружи на пораките што вчера ги испратија францускиот претседател Макрон и германскиот канцелар Шолц кои ги повикаа Приштина и Белград што е можно поскоро да организираат нови избори во четирите општини на северот на Косово, наведувајќи дека истовремено е неопходно да се разјаснат изборните правила. Макрон и Шолц рекоа дека побарале јасни одлуки до следната недела.

ПОТРЕБНА Е ХРАБРОСТ ОД СИТЕ ИНВОЛВИРАНИ, БИДЕЈЌИ ТИЕ ЌЕ ТРЕБА ДА ЈА ИГРААТ СВОЈАТА УЛОГА НА ПОЗИЦИИ НА ПОЛИТИЧКА ОДГОВОРНОСТ ЗА ДА СЕ ОСИГУРА ДЕКА ДЕЕСКАЛАЦИЈАТА ЌЕ УСПЕЕ. И ТОА НЕ ВКЛУЧУВА САМО БАРАЊА ОД ДРУГИТЕ, ТУКУ И БАРАЊА ОД САМИТЕ СЕБЕ. ТОА Е ЕДНА ОД НАЈТЕШКИТЕ РАБОТИ ВО ПОЛИТИКАТА, ИСТАКНА ГЕРМАНСКИОТ КАНЦЕЛАР, ОЛАФ ШОЛЦ.

Пораката на „Твитер“ денеска ја повтори и високиот претставник на надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел. По острите тонови упатени кон него и косовскиот премиер Албин Курти денеска се огласи со порака за нови избори и рече дека повлекувањето на насилната толпа е патот кон спроведување на нов избор на градоначалници.

ОНА ШТО Е КЛУЧНО ВО ОВОЈ МОМЕНТ Е СРБИЈА ДА ПРЕСТАНЕ ДА ГИ ПОДДРЖУВА ОВИЕ КРИМИНАЛНИ БАНДИ КОИ ПРЕДИЗВИКУВААТ НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД ПРОБЛЕМИТЕ НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО, НО И ПОШИРОКО ВО НАШИОТ РЕГИОН. И ТОА Е ПРЕДУСЛОВ, СЕ РАЗБИРА, ДА СЕ ОСИГУРАМЕ ДЕКА ИМА ДЕ- ЕСКАЛАЦИЈА НА ТЕРЕНОТ.И ВТОРО ДА ИМА ЦЕЛОСНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗАТОА ШТО ВУЧИЌ ПОСТОЈАНО КАЖУВА ДЕКА НЕМА ДА ГО СПРОВЕДЕ, РЕЧЕ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КОСОВО, ВЈОСА ОСМАНИ.

За состојбата во Косово денеска се расправа и на собраниска седница на која се обрати и поранешниот косовски премиер и лидер на опозицијата во земјата Рамуш Харадинај кој побара класање недоверба на Курти и кого го обвини за предизвикување нестабилност во тој дел од земјата, населен со мнозинско српско население, како и за влошување на односите меѓу Косово и Соединетите Американски Држави.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.