Специјалци пазат Мијалков да не избега како Груевски – од судот велат “дуваме и на јогурт”
Маскирани специјалци го пречекаа од Шутка во Основниот суд Скопје 1 притворениот Сашо Мијалков, на рочиштето за нелегалната набавка на опрема за прислушување за УБК.
Мијалков утре или в понеделник треба да дојде повторно во судот, зависи кога ќе биде закажана седницата во Апелациониот суд Скопје по жалба против одлуката за притвор. Мијалков побара седницата да биде јавна .
– „По бегството на Груевски МВР и Кривичниот суд сега ќе дуваат и на јогурт“, велат судии од овој суд.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: