ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

„Спасување на брегзит“: Министрите се побунија против Тереза Меј, бараат таа да биде сменета

Министрите на британската влада отворено се побунија против премиерката Тереза Меј и бараат таа да биде сменета, а преговорите за брегзит да ги заврши привремен премиер, јавија британските медиуми.

Министрите на тој начин сакаат да го спасат брегзит и да го спречат парламентот да ја преземе контролата врз овој процес, јави Телеграф.

Ники Морган поранешен секретар за образование, про ЕУ, рече дека министрите сега мораат да ѝ кажат на Меј дека е „време да си оди“.

Според Сандеј тајмс, најмалку шест министри сакаат нејзиниот заменик Дејвид Лидингтон да ја преземе функцијата премиер до изборите.

Весникот наведе дека министрите во понеделник ќе се соочат со премиерката на владината седница и дека ќе се заканат со масовна оставка доколку таа не се повлече.

Покрај Лидингтон, поддршка на членовите на кабинетот има и актуелниот шеф на дипломатијата Џереми Хант, како што наведе Дејли меил, и министерот за екологија Мајкл Гоув.

Велика Британија според првичниот план требаше да ја напушти ЕУ на 29 март, а со лидерите на ЕУ е постигнат договор за одложување на брегзит до 22 мај, ако британскиот парламент следната недела го усвои договорот за брегзит.

Во спротивно, на Велика Британија ѝ се заканува излез од Унијата без договор.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.