Спасовски ќе ја повика Мизрахи да ја кара зошто не ја почитува „Северна“
Премиерот Оливер Спасовски ќе ја повика министерката за труд Рашела Мизрахи на разговор за почитувањето на уставното име на државата. Ова доаѓа откако Мизрахи на прес-конференции се појавуваше пред табло со старото уставно име на државата без придавката „северна“ на што реагираше шефот на дипломатијата Никола Димитров барајќи нејзино разрешување. Таа пак, одговори дека го користи истото табло наследено од нејзината претходничка Мила Царовска. (Изјава)
„…Јас сакам да поразговараме, да ги согледам сите факти и сметам дека доколку не најдам на разбирање и доколку не видам кај било кој министер дека државните интереси, националните интереси и интересите за остварување на нашите стратешки интереси, членството во НАТО и ЕУ, не се во прв план, туку партиските интереси, секако дека ќе преземеме и други мерки.“-рече Оливер Спасовски, премиер.