ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Спасовски: ИВЗ да ја преиспита одлуката за отворање на џамиите, МПЦ да се однесува сериозно

Премиерот Оливер Спасовски побара од Исламската верска заедница да ја приспира одлуката за отворање на џамиите на 12 мај, а од МПЦ да се однесува сериозно.

Тој во одговор на новинарско пеашање кажа дека верските заедници треба да ги почитуваат одлуките на Владата и дека нема организација, безразлика дали е верска, политичка, или поединец кој не треба да ги почитува одлуките.

„Апелирам да си ја преиспитаат сопствената одлука во делот на отворањето на џамиите, меѓутоа исто така укажувам и МПЦ да се однесува сериозно заради тоа што направи низа на пропусти во изминатиот период“, изјави Спасовски.

Премиерот додаде дека одлуките кои ги носи Владата се за доброто на здравјето на граѓаните и не станува збор за политика.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.