ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Спасовски: Ги отфрламе уцените од ИВЗ, повикуваме на дијалог

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, изјави дека писмото на Исламската верска заедница (ИВЗ) е уцена и дека Владата е спремна на дијалог, но не прифаќаат уцени.

Сметаме дека заканите се неприфатливи од кого било да доаѓаат. Во случајов се работи за едно писимо на ИВЗ кое е сериозна уцена. Повикувам на сериозен пристап. Оваа Влада на чело со Зоран Заев покажа дека има сериозен капацитет за дијалог и разговор, во тој дух да разговараме со секого, но никако нема да дозволиме уцени од било кого“, изјави Спасовски.

Во првичниот допис до Владата ИВЗ укажува на „бавната, селективна и дискриминаторска денационализација на вакуфскиот имот на штета на ИВЗ” и се вели дека Заедницата има проблеми со органите на државната власт, „кои ја попречуваат во нејзината грижа и секојдневна активност за одржување на верските објекти”.

„Особено сме засегнати со нерешавањето на статусот на верските објекти што се и културно наследство, тој во село Лажец, Битола, и Хусамединпашината џамија во Штип, која е заведена на име на друга верска заедница, како и реконструкцијата на Алипашината џамија во Охрид, за кој објект постои соодветна и важечка градежна документација со средства обезбедени со странска донација, која отежнато се користи поради бирократскиот однос на надлежните државни институции“, велат од ИВЗ.

ИВЗ ѝ дава на Владата рок од 10 дена за да најде решение за посочените проблеми, а „доколку тоа не се случи, со овие состојби и проблеми на ИВЗ ќе бидат запознаени сите надворешни фактори во земјава и медиумите.

Муслиманската верска заедница се заканува и дека пред почетокот на кампањата за претседателските избори „поради големиот притисок од страна на муслиманските верници ќе бидеме принудени во 700 џамии во земјава да ги информираме верниците за оваа долготрајна дискриминација што се врши кон ИВЗ и нејзините членови, со сите последици врз општествените односи во земјава”, истакнуваат од ИВЗ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.