СО НОВИТЕ 10 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, ВКУПНАТА БРОЈКА НАДМИНА ИЛЈАДА
Во последните 24 часа, Министерството за здравство регистрираше 10 починати од ковид-19, со што вкупната бројка на починати од почетокот на пандемијата изнесува 1.004. Од новите починати, четворица се од Скопје (67, 58, 64 и 76г), двајца од Прилеп (70 и 73г), еден од Битола (52г), еден од Охрид (77г), еден од Кочани (48г) и еден од Пробиштип (76г). Сите се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.
Изминатите 24 часа се направени 2.449 тестирања, а регистрирани се 865 нови случаи на ковид-19, и тоа во:
– Скопје 397
– Куманово 22
– Дебар 2
– Штип 34
– Прилеп 29
– Тетово 95
– Струга 7
– Велес 44
– Битола 31
– Охрид 21
– Кавадарци 26
– Гостивар 30
– Гевгелија 4
– Струмица 37
– Крива Паланка 5
– Радовиш 6
– Кочани 17
– Пробиштип 7
– Демир Хисар 2
– Македонски Брод 1
– Берово 4
– Виница 6
– Делчево 6
– Кратово 4
– Свети Николе 4
– Кичево 15
– Ресен 5
– Неготино 4
Досега во земјата се направени вкупно 251.848 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 32.436, бројката на оздравени пациенти е 21.090, а бројот на активни случаи изнесува 10.342.