ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Со водени топови и солзавец на емигрантите, нови пресметки на грчко-турската грaница

Нови жестоки судири избија утринава на грчко-турската граница. Емигрантите се судрија и со грчката и со турската полиција.

И утринава грчката полиција ги растеруваше емигрантите со солзавец, но и со водени топови.

Солзавецот и шок-бомбите ја претворија затворената тампон-зона на Пазаркуле, на турската граница, во обалст на борби меѓу мигрантите и грчката гранична полиција.

Додека турската полиција им забранувала на новинарите пристап до импровизираниот емигрантски кампа на Пазаркуле, некои емигранти успеале да се провлечат преку споредните патишта за да ги раскажат своите приказни.

Еден од нив е Реза, Ирачанец кој за Франс 24 зборувал за секојдневното насилство врз емигрантите од страна на грчките гранични патроли.

„Грчката влада фрла солзавец и димни бомби врз луѓето кои се наоѓаат на границата“, кажа тој за Франс 24.

„Мој пријател од Авганистан беше погоден со канистер за солзавец во близина на границата. Отидов да му помогнам, фрлија солзавец и врз мене и се повредив“.

Условите за живот во кампот секој ден сѐ повеќе се влошуваат. Во кампот има долги редици за храна и основни намирници.

Емигрантите спијат под импровизирани засолништа во шумата.

„Светот мора да дознае што се случува тука и како се одвиваат нештата, затоа и ви зборува“, кажа Реза.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.