Софија сеуште не се изјаснила за точките 5 +1, Борисов му посака успех на Петков
Ветото за Македонија и можното решение неизбежна тема за поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов.
Во првото интервју по изборниот пораз Борисов чија Влада го попречи патот за почеток на преговори на земјава со Унијата, вели дека Бугарија не ја блокирала туку ја успорила Македонија, а целта како што кажа била да не се внесат проблеми во ЕУ. Прашан дали планот на новиот премиер Петков дека решение е можно за шест месеци, Борисов само му посака успех и најави поддршка доколку е потребна.
-Ние на никаков начин не сме ги спречувале. Но, како да им кажеме „повелете во Европската Унија“ и да им внесеме проблеми со работи за кои ние меѓу себе не е разбираме. Затоа ги успоривме. Ете сега сме подготвени, тие да направат отстапки, нашата Влада да направи отстапки, да влезе во Народното собрание, да кажат што сакаат, ќе ги поддржиме. / Според вас, планот што го предлага Кирил Петков ќе функционира ли за Македонија?/ Можам само да му посакам успех, а во случај да им треба поддршка ќе им ја дадеме.-Бојко Борисов – Поранешен премиер на Бугарија.
Според панот на Петков, во јануари треба да се формираат уште 4 комисии, кои би се состанувале еднаш месечно, паралелно со комисијата за историја..
Македонија веќе го достави одговорот на точките 5+1, но одговор се уште нема, потврди синоќа претседателот Пендаровски.. Порача, дека не треба да се брза, бидејќи спорот е сензитивен, а Македонија досега направила се што може за решение..
„Што ќе ми е таа ЕУ без признаен македонски јазик? Мора да им дадеме на другите шанса да се соочат со вистината за нас. Јас сум Македонец и сега не може ние да се пишеме нешто друго“-Стево Пендаровски – Претседател.
Пендаровски во интервјуто повтори дека пристапот на новиот бугарски премиер Петков, покрај за историјата да се разговара и за повеќе прашања од економијата и инфраструктурата е прифатлив. Сличен став има и вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи кој во интервју за МИА вели дека без разлика на ветото од Бугарија, двете држави треба да продолжат со напорите за подобрување на инфраструктурата.