Советот за безбеднсот: Нови 14 дена вонредна состојба
Уште нови 14 дена Македонија ќе биде во вонредна состојба. Претседателот Пендаровски одлуката ја донесе по консултација со Советот за безбеднсот и министерот Венко Филипче. Тврди дека причината не се изборите, туку здравствената состојба. Побара, граѓаните да не се опуштаат, да ги почитуваат мерките, а инститциите да ги казнуваат тие кои не се придржуваат до здравстените протоколи. Ги повика и лидерите, во претстојните две недели да најдат компромис за датумот з аизбори. Тврди дека, до пред два дена, биле многу блиску до договор, но сега е прекината комуникацијата.
Порака до лидерите испрати и претседателот на Собранието во заминување, кој потсети дека, иако нема мандат, има надлежност да го претставува Собранието до новата конститутивна седница.
Решението за изборите ќе се бара од правната фела.
Слична е и пораката на техничкиот премиер.
За опозицискиот лидер, одлуката на Пендаровски беше очекувана и ја најави уште пред да се состане Советот за безбадност.За датум за избори денеска не сакаше ниту да зборува.
Ова е четврта вонредна состојба од прогласувањето на пандемијата. Првите две беа во во времетраење од по 30 дена, а последните од 14 дена.