Собрание, почна пленарната седница за минималната плата
Опозициските партии на пленарната седница го повторија ставот дека ова законско решение ќе се добие нивна поддршка, но изразија жалење што пратениците од власта не прифатиле ниту еден предложен амандман бидејќи со нив ќе се подобрел текстот на законот.
„Со амандмани имавме цел да го подобриме квалитетот на законот, прво со минималната плата да се зголемат и останатите плат во образованието, администрацијата и побаравме бизнис секторот да не се оптоварува со обврски како резултат на зголемената плата, каде што бараме да се зголеми износот на придонесите и даноци“, изјави Илире Даути- пратеничка Алијанса на Албанците.
„Морам да изразам жалење зошто владејачкото мнозинство и Владата не се охрабри овој пат и конечно да го решиме проблемот со скалестото зголемување на платите. Шалтерскиот службеник во Катастар со години искуство ќе зема иста плата како катастарскиот службеник кои изготвува решенија и за кои сноси кривична одговорност“, рече Бојан Стојаноски- пратеник ВМРО- ДПМНЕ.
Согласно измените во Законот за минимална плата, од следниот месец законски утврдената минимална плата во земјава ќе биде 18 илјади денари. Ова решение произлезе од дијалогот помеѓу синдикатите, работодавачите и владините претставници.