ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Собранието ќе одлучува за одземање на имунитетот на Вељаноски

Откако по два дена дебата, собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, не успеа да донесе одлука за барањето на Кривичниот суд за одобрување притвор на пратеникот и поранешен претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска е ред на Собранието да ја донесе одлуката.

Со оглед дека гласањето беше изедначено, односно, четири гласа беа „за“ и четири „против“, за одземање на имунитетот на Вељаноски, сега одлуката ќе треба да ја донесе Собранието, откако извештајот од Комисијата ќе биде испратен до претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери.

Во моментот на гласањето не беше присутен пратеникот од ДУИ, односно од владеачкото мнозинство, Агим Шаќири.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.