Словенија на нозе – вооружената паравоена формација „Штаерска гарда“ патролира по границата (ВИДЕО)
Британската агенција пренесува дека припадниците на Штаерска гарда во камуфлажна облека и вооружени со воздушни пушки патролираа во шумите во близина на Хрватска во пограничната зона која, според Шишко, врие од нелегална емиграција.
Групата од повеќе од 50 луѓе, од кои некои имаат маски на лицата и во која има и жени, ја предводи Шишко, лидерот на вонпарламентарното националистичко Движење за обединета Словенија.
Шишко својот ангажман го објаснува со тоа дека словенечките власти не ја вршат својата должности за заштита на Словенија од она што го сметаат за емигрантска закана и затоа, како што вели, ги формирал Штаерска и Крањска гарда, пренесува Ројтерс, чија телевизиска екипа ги сретнала членовите на двете организации во патрола.
„Должност на сите нас е да ја обезбедиме нашата земја. Ако државните органи кои се платени за тоа не можат или не сакаат да ја обезбедат, ние можеме да им помогнеме во тоа и тоа и го правиме“, вели Шишко.
Антиемигрантското расположение во Словенија и во другите поранешни комунистички земји значително расте од 2015 година кога источна Европа го поднесе почетниот товар на бегалската криза, наведува Ројтерс.
Според податоците на словенечката полиција, бројот на емигранти кои нелегално преминуваат од Хрватска во Словенија пораснал на 11.786 во првите девет месеци на оваа година во однос на 6.911 во 2018 година.
Ројтерс потсетува дека Шишко годинава беше во затвор поради формирањето на Штаерска гарда и повикувањето на свргнување на државните институции.
Тој вели дека групата, која редовно се сретнува во пограничната зона за викендите, не ги пресретнува емигрантите што, истакнува, би било противзаконско, туку им го пријавува нивното присуство на силите за безбедност.
Полицијата за Ројтерс соопшти дека го следи однесувањето на групата на Шишко и дека во последно време не откриле никаква противзаконска активност.
https://www.facebook.com/andrejshishkozapredsednika.si/videos/808610246221287/