ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Следната недела Владата ќе ги поскапи доматите и краставиците!

Следната недела Владата ќе ги поскапи доматите и краставиците!Трговците на големо со овошје и зеленчук кои увезувале од земјите од регионот, со години приложувале лажни фактури во царината за да плаќаат поевтини давачки, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши. По средбата со увозниците тој рече дека било откриено оти неколку месеци по ред, па дури и години, се пријавуваат лажни фактури и оти поради тоа од следната недела ќе има корекции на „замрзнатите“ цени. Тоа значи дека дел од 11 производи,односно овошје и зеленчук, се очекува од следната недела да поскапат, особено доматите и краставиците и тоа за 30 денари.„Увозниците во изминатиот период, особено во последните месеци, давале други фактури на нашата царина, а други имале при купување на производите од земјите од регионот. Со ова направиле нелојална конкуренција на домашните производители поради придобивките од царинските давачки кои не важат само за земјите од ЦЕФТА, вклучително и Албанија и Србија, туку и за другите бидејќи за овошјето и зеленчукот имаме царина, покрај данокот само 5% од ДДВ и сакале да ги избегнат царинските давачки“, рече Крешник Бектеши, министер за економија.

Проблемот се појави само три дена по замрзнувањето на цените. Трговците по пазарите одбија да продаваат овошје и зеленчук со намалени цени, тврдејќи дека од трговците на големо ги купиле поскапо. И денеска на пазарите продавачите ги криеја цените за да не бидат казнети од инспекторите, но продаваа по високи цени како и досега.

Од 28 март до денес трговците почнаа да ги покажуваат реалните сметки од увозот на овошје и зеленчук. Домашниот пазар до крајот на април вообичаено е зависен од увоз, додека не созреат домашните производи.

„Да имав македонска плата, би рекол дека е тешко да се живее и да си ги дозволам овие цени за да ги купам основните работи што ми требаат“, рече еден граѓанин.

По средбата, претставниците на големите фирми кои го контролираат пазарот не сакаа да разговараат и заминаа со луксузните автомобили. Според министерот Бектеши, тие ќе одговараат за фискално затајување и за двојно книговодство. Тоа е кривично дело за кое се предвидува казна и над 10.000 евра. Неофицијално дознаваме дека вакви малверзации биле правени уште од 2017 година

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.