Славески: Економските мерките доцнат, а стопанството и граѓаните непотребно се изложени на непредвидливост
Јасно е веќе на сите дека мерките доцнат, а стопанството и граѓаните непотребно се изложени на непредвидливост.
По повод обелоденувањето на т.н. втор сет мерки од страна на Владата и нејзиниот економски тим предводен од СДСМ за справување со економската криза како резултат на пандемијата, уште на почетокот би сакале да апелираме овој сет мерки да се преиспита со цел да се намали ударот врз граѓаните и стопанството, како и да се зголеми нивото на сериозноста во пристапот со справување со кризата.
Јасно е веќе на сите дека мерките доцнат, а стопанството и граѓаните непотребно се изложени на непредвидливост.
Да потсестам дека уште на почетокот на март, ние ги и препорачувавме на Владата под итно да подготви план за справување со надоаѓачката рецесија. Владата на СДСМ ги отфрлаше ваквите апели како преуранети. Јасно е дека јавноста се увери дека тоа не беа обиди од страна на ВМРО-ДПМНЕ за прибирање на политички поени. Напротив, ние искажувавме, и сеуште искажуваме сериозна загриженост за несериозноста и неспособноста на владата да се справи со кризата која што ни престои.
Предлогот мерките се недоречени и конфузни. Освен за вработените во јавниот сектор, барем на почетокот од обидите за справување со кризата, не постои граѓанин или претпријатие во Македонија на кои им е јасно дали, кога и накој начин ќе бидат потпомогнати со некои од мерките што ги предлага Владата.
Навистина е нејасно, како после толку изминато време, Владата си дозволи да предложи мерки кои се недоречени и конфузни, на пример околу опфтеноста на субјектите, со изговор дека истите ќе бидат дообјаснети во уредбите со сила на закон што треба да уследат. Граѓаните и компаниите од најпогодените сектори сакаат да почувствуваат дека во овие тешки времиња некој стои позади нив, сега и веднаш.
Понатаму, владиниот економски тим не излезе со пресметки околу мерките. Изминатиов период, па и вчера, при самата најава на мерките, не слушнавме ниту една сериозна пресметка од владиниот економски тим околу опфатот и чинењето на предлог мерките. Затоа прашуваме:
Колку претпријатија и вработени ќе ги задоволат поставените услови и критериуми за користење на мерката поддршка во износ на минималната плата?
Нашите проценки се дека бројот на лица што ќе имаат можност да ја користат оваа мерка ќе биде многу мал. Истата нема да можат да ја користат фимите и вработените во најпогодените сектори каде помошта на државата е најпотребна.Тоа се дејностите за сервисни услги со храна и сместување (секторот уготителство и туризам), каде според последните податоци од Државниот завод за статистика се ангажирани околу 33.000 вработени. Кон ова треба да се придодадат големиот број на вработени во трговијата кои моментално не работат.
Исто така во мерките не видовме помош и поддршка на самовработните и занаетчиите. Тие се соочуваат со големи проблеми и ставаат клуч на врата.
Почитувани,
Повторувам дека има мерки од предлогот кои се прифатливи. Сепак, предлогот треба да е прифатлив за најголемиот број погодени граѓани и претпријатија во целина
Ја користам оваа прилика да потсетам на некои од нашите клучни предлози за кои цениме дека се реални и се далеку поповолни за граѓаните и за економијата во целина во споредба со тоа што го нуди владата:
Прво, Владата предлага поддршка на претпријатијата од приватниот сектор за исплата на плати почнувајќи од април, кои во џебовите на граѓаните треба да стигнат во текот на првата половина од мај, додека економската криза предизвикана од ширењето на новиот корона вирус наголемо ја пустоши македонската економија. Во моментов десетици, ако не и стотици илјади граѓани се загрижени дали ќе имаат средства за живот во април, затоа што илјадници компании престанаа со работа. Да потсетам дека дури и во поразвиени земји од нашата половината од домаќинствата немаат ликвидни средства со кои би можеле да ги покријат трошоците за живот во наредните 7 до 8 денови, доколку пресуши изворот на редовна заработувачка. Истото се однесува и за малите и средни компании , овие комапниии оставени сами на себе без ликвидни средства им се заканува клуч на врата.
Како што е познато нашиот предлог е субвенциите за исплата на плати кај погодените од кризата сектори, во висина од 50% од бруто плата или 70 до 80% од нето платата, да се покриваат од државниот буџет уште со исплатата на мартовската плата. Роковите за исплата на платите за март веќе течат. Денеска сме 1 април, а 15 април е крајниот законски рок.
Понатаму владата непромислено предлага, компаниите да продолжат со плаќање на придонесите за социјално осигурување и на персоналниот данок за вработените, со ова предлогот за поддршка за исплата на плати во висина на минимална плата станува бесмислен. Работниците ќе треба да однесат дома износ далеку понизок од минималната плата и да бидат доведени до работ на егзистенција. Ова не смее да се дозволи. Треба да се прогласи мораториум за уплата на овие давачки во таргетирани најпогодени сектори претпријатија и граѓани.
Како може да претпоставиме фирмите кои што се на колена особено оние од најпогодените сектори кои што заради заштита на јавното здравје и забавување на ширењето на новиот коронавирус меѓу македонската популација беа принудени целосно да престанат со работа уште кон средината на март ако не и порано.
Второ, уште еднаш апелираме Владата да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, изнесен на неколку претходни прес-конференции, за пренасочување на делот од придонесот за пензиско-инвалидско осигурување, што се одвојува за осигурениците кои се членови во некое од трите постојни друштва за капитално финансирано пензиско осигурување, т.е. приватните пензиски фондови, пренасочување на овие средства во државниот пензиски фонд од кој во моментов се исплаќаат пензиите на речиси сите корисници на пензија во Македонија.
Ги охрабруваме да го направат тоа, затоа што е сосема легитимно во вакви тешки околности за државниот буџет и за фондовите, каде што со сигурност треба да се очекува дека состојбата дополнително ќе се влоши пред да започне да се подобрува. Ќе ги потсетиме на неколку примери за тоа како постапија одделни земји од Централна и Источна Европа како одговор на последиците негативни од економската криза, глобалната финансиска и економска криза од 2007-2009 година:
Естонија една од најнапредните земји од Источна Европа, целосно ја суспендираше уплатата во приватните пензиски фондови од 1 јуни 2009. до 31 декември 2010 година, значи цели две години а потоа во 2011 година стапката започна да ја зголемува од 1 до 2% на средства коишто одат во приватните пензиски друштва.
Соседната Латвија во мај 2009 година ја намали стапката од 8% на 2 % на средства што одат во приватните пензиски друштва. Литванија ја намали стапката од 5,5 % на 2% во 2011година, Унгарија целосно ги национализираше приватните пензиски фондови и средствата ги припои кон државниот фонд. Полска на 1 мај 2011 година ја намали стапката за приватните пензиски фондови од 7,20% на 2,30%. Дополнително како што е познато пред две години Полската влада со закон целосно го национализираше делот од средствата на приватните пензиски фондови коишто беа во тоа време инвестирани во државни хартии од вредност, а тоа беше износ речиси две третини од вкупните средства со кои располагаат пензиските фондови. Словенија никогаш не воведе задолжителен втор столб. Покрај државниот, постојат доброволни пензиски фондови.
Како што спомна вчера на прес-конференцијата нашиот претседател, г-динот Христијан Мицковски, само во првите два месеци од 2020 година по овој основ на име придонеси во приватните пензиски друштва се трансферирани околу 25 милиони евра. Во новонстанатите околности во кои Буџетот се соочува со неликвидност, а потребите од средства за поддршка на здравството, на вработените и на компаниите во Македонија се огромни, ова е понуда што Владата не само што не смее да ја одбие, туку треба да ја поздрави. Не сум сигурен дека при променети улоги на релацијата власт-опозиција, некоја друга опозиција би покажала толкав степен на кооперативност и разбирање по вака чувствително прашање.
Трето, не гледаме вонредна програма за прераспределба на средства со цел да се помогне во справувањетосо економската состојба, туку Владата си продолжува да троши како ништо да не се случува, особено за есец март ќе видиме за понатаму. Тоа може да се види од податоците за извршување на Буџетот за февруари, а нашите информации говорат дека истата практика продолжува и во март.
Препорачуваме да се направи итна прераспределба на средствата во државниот буџет. Повеќе средства за здравството, а помалку за непродуктивни трошења.
Секоја институција во јавниот сектор поединечно да направи кратење на непродуктивните средства по конта и тие јавно да ги објави со цел потврдување (или не) на искрените намери на оваа влада во насока на заштеди во буџетот. Ова да го направат и Акционерските друштва во целосна државна сопственост и јавните претпријатија на централно и локално ниво.
Препорачуваме забрзување во извршување на капитални проекти за кои е обезбедено финансирање, а со цел да се зголеми економската активност.
Почитувани,
Нашиот економски тим како што сме истакнале повеќе пати претходно е на располагање, и ќе продолжиме во наредниот период блиску да ја следиме ситуацијата и да го штитиме интересот на граѓаните и на нашето стопанство. Тука би ја искористил приликата да разјаснам дека ниту јас како член и претставник на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ на ад хок телото Економски совет на Владата на РМ, ниту пак заменик министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска, не бевме консултирани околу најбитните компоненти на сетот мерки. Ние не стоиме позади овие одлуки и апелираме до Владата за поголема кооперативност и инклузивност, како на опозицијата, така и на стопанството кое очигледно е разочарано, во носењето на овие одлуки.