ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Скопските ученици над 3то одделение нема да добијат можност за настава со физичко присуство

Градоначалникот на Скопје направил ненамерна грешка со датумот за почеток на учебната година. И од Кабинетот на Петре Шилегов и од Министерството за образование тврдат дека децата ќе почнат со настава на 1 октомври во четврток, а не како што изјави вчера првиот човек на главниот град 5 октомври.

Во меѓувреме училиштата прават технички подготовки за новите здравствени протоколи и ги анкетираат родителите дали се за онлајн или сакаат нивните деца да учат со физичко присуство во училиштето.

Иако општините прават вакви анализи министерот за здравство потенцираше дека ниту едно скопско училиште нема да добие дозвола децата од 4-то одделение нагоре следниот месец да се вратат во училишните клупи. Филипче во интервјуто за Радио Слободна Европа вели дека ова ќе важи само за воспитно-образовни установи со помал број класови и ученици, но и стабилна епидемиолошка состојба во општината.

Има училишта кои имаат по пет до 10 ученици во еден клас, тука се обединуваат ученици од прво до четврто одделение, некаде над 300 училишта во нашата држава се такви, меѓутоа тоа ќе биде со дозвола на Комисијата за заразни болести, ако епидемиолошката ситуација во таа општина тоа го дозволува. Само тие коишто имаат мала бројка на ученици, односно, конкретно да одговорам – доколку училиштето е во Скопје и сака да направи исклучок и аплицира дозвола да бидат физички присутни и учениците од четврто и петто одделение од почетокот на октомври, ние нема да го дозволиме тоа, вели Филипче во интервјуто за Радио Слободна Европа. 

Владата иако ја одложи учебната година за 1 месец не ги ослободи од работа родителите на школски деца до 10 години и тие мораа да се вратат на работните места. Оваа мерка засега важи само за еден од родителите  на деца  запишани во градинка. Дали ќе биде така и од среда кога ќе се отворат градинките од труд и социјала велат дека мерката е во важност се до донесување на нова владина одлука.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.