ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Си-ен-ен: Трамп е попопуларен од кога било, и тоа воопшто не чуди

Mandatory Credit: Photo by Jacquelyn Martin/AP/REX/Shutterstock (10144004f) President Donald Trump speaks during a meeting with former U.S. hostage in Yemen, Danny Burch, in the Oval Office of the White House in Washington Trump, Washington, USA - 06 Mar 2019

Американскиот претседател Доналд Трамп е попопуларен од кога било, пишува Си-ен-ен во својата анализа.

Еве еден несомнен факт – претседателот Доналд Трамп денес е популарен како и на првиот ден на својата работа како претседател на Соединетите Американски Држави“.

Во новата анкета на Галуп 49 отсто од Американците го одобруваат тоа што Трамп го работи како претседател, додека 45 отсто не се сложуваат со тоа, што е најголемиот процент на поддршка што го добил во сите анкети на Галуп. Универзитетот Монмут ги објави резултатите на својата анкета во понеделникот според која 46 отсто од граѓаните го поддржуваат Трамп. Повторно, најдобриот резултат што го имал во анкетите со години.

Што доведе до Трамповиот раст во анкетите?

Одговорот е едноставен: начинот на кој Трамп се однесува кон кризата поради коронавирусот. Галуповата анкета вели дека 60 отсто од Американците го поддржуваат начинот на кој Трамп се носи со кризата, додека 38 отсто не ја одобруваат неговата работа во овие моменти. Шест од десет независни гласачи го одобруваат Трамповиот начин на постапување со коронавирусот, како и еден од четири (27 отсто) демократи. Во анкетата на Монмут 50 отсто од анкетираните кажале дека Трамп одлично си ја работи работата во кризата со коронавирусот, додека 45 отсто го сметаат спротивното.

Зголемената поддршка за Трамп во време на една од најголемите глобални кризи во историјата на човештвото, особено меѓу независните, па дури и демократите, е она што го зголемува процентот на вкупната поддршка кај гласачите кој со години стагнира.

Од една страна, тоа не е премногу изненадувачко. Анкетите доследно ја следат промената во поддршката на претседателот кога државата се соочува со големи кризи. На пример, во екот на терористичките напади на 11 септември 2001 година поддршката за тогашниот претседател Џорџ В. Буш порасна дури до 80, па и речиси 90 отсто.

Опозицијата во кризни ситуации има тенденција да го омекне ставот кон претседателот

ПОстои тенденција дури и опозицијата да го омекне својот став и перцепцијата кон претседателот додека општеството е во криза и му е потребен лидер кој единствен од таа криза може да го извлече.

Од друга страна, Трамповиот скок во анкетите може ќе ги шокира луѓето кои внимателно ја следат неговата работа и таа на неговата администрација за време на пандемијата на коронавирусот. Сосема е јасно дека администрацијата не ја сфати доволно сериозно заканата од коорнавирусот и американските капацитети за тестирање од опасниот вирус.

Просечниот Американец мисли дека Трамп прави сѐ што може во борбата против вирусот

Трамповиот јавен настап е обележан со неточни тврдења, на пример „тестот е совршен“ или „вакцината наскоро ќе ја имаме“, пишува Си-ен-ен.

Но, она што го сугерираат анкетите на Галуп и Монмут е дека: а) луѓето не ја следат буквално секоја реченица што ќе ја каже Трамп или б) не го сметаат за лично виновен за проблемите во земјата.

Просечниот човек во Америка верува дека Трамп прави сѐ што е во негова моќ во борбата против коронавирусот и дека тоа што тој го кажува на дневно ниво помалку или повеќе не е важно, туку е поважно општеството и државата во целост што побрзо да заздрават (иако има многу малку медицински докази дека Трамповиот оптимизам е научно основан).

Тоа треба да се има предвид при анализата на политичкото влијание што го има масовната кампања на социјално дистанцирање додека медицината се бори против вирусот. Голем број Американци не гледаат на однесувањето на Трамп од висина од 50 или 500 метри, туку од висина од 50 илјади метри, заклучува Си-ен-ен.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.