Ситуација надвор од контрола во соседството: Над 7.000 новозаразени, починале 60 лица

Коронавирусот во последните 24 часа во Србија е потврден кај 7.111 лица, а истовремено како последица на овој вирус починале 60 пациенти.
Тестирани биле 24.653 лица. На респиратор се приклучени 282 пациенти, а низ болниците вкупно се хоспитализирани 6.781 пациент.
Досега во Србија починале вкупно 10.078 лица од коронавирус. Вкупниот број на регистрирани случаи е 1.155.756.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: