ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ситуацијата е тензична, грчката армија е на нозе: Турција со провокација до Грција?

Грчките вооружени сили се во состојба на подготвеност поради турските „провокативни делувања“ во источниот Медитеран, пренесува грчки „Катимерини“.

Според информациите на споменатиот грчки весник, и покрај повиците на Европската унија да се сопре барањето на нафта и гас во ексклузивната економска зона околу Кипар, Грција останува во состојба на подготвеност за да се спречи евентуална ескалација во источното Средоземно море.

Весникот додава дека клучно прашање во Атина е како да се реагира во случај Турција да спроведе истражувања во внатрешноста на, според тврдењата на официјална Грција, грчкиот континентален појас.

„Плановите првенствено се засноваат на маневрите на грчката воена морнарица, затоа што Турција користи истражувачки бродови за да го утврди своето присуство во регионот, меѓутоа и грчкото воено воздухопловство би имало улога во секој одговор“, пишува грчкиот весник.

Запрашан во неделата дали Грција може да смета на поддршката на ЕУ и САД во случај на некаков инцидент, грчкиот министер за одбрана, Евангеос Апостолакис изјави дека не постои такво ветување.

Турските власти ја предупредија Европската унија дека секое мешање на Брисел во врска со ексклузивната економска зона околу Кипар, негативно ќе влијае на односите помеѓу Атина и Анкара, како и на решавањето на проблемот околу Северен Кипар.

Како што пренесува „Катимерини“, предупредувањето било испратено на адреса на 27 земји членки на Европската унија, освен на властите на Кипар кои официјална Анкара не ги признава.

Според Турција, Европската унија треба да биде мудра и да не биде судија околу морските граници, затоа што таквото однесување, според Анкара, дополнително ќе го искомплицира кипарскиот проблем.

Турција тврди дека тој дел од ексклузивната економска зона се наоѓа во турскиот континентален појас. Официјална Анкара ги повторува своите ставови за еднаквите права помеѓу грчките и турските жители на Кипар и смета дека најдоброто решение е во креирање на мешовити комисии со претстаавници на двете страни.

Во спротивно, Турција е одлучна да ги заштити правата на турските ресурси во таа област, додава грчки „Катимерини“.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.