Сириските Курди објавија дека се повлекле од границата со Турција
Арапско-курдската коалиција Сириски демократски сики (SDF), во кои доминира курдската милиција Единици за заштита на народот (YPG), објавија во неделата дека ги повлекле своите борци од пограничниот град Рас ал-Ајин во рамките на договорот во кој посредуваа САД за повлекување од „безбедната зона“ која Турција сака да ја воспостави на сириска територија покрај својата граница.
„Приближно 55 возила влега во Рас ал-Ајин и конвој во 86 возила тргнал во правец на Тал Тамр“, соопшти турското министерство за одбрана во неделата, објавувајќи снимки за кои тврди дека се од евакуацијата на цивилни возила.
„Повеќе нема наши борци во градот“, соопшти портпаролот на SDF, Кино Габриел, пренесе Reuters.
Вооружената сириска опозиција позната како Слободна сириска армија (FSA), која е во сојузништво со Турција и кои минатата седмица ја преземаа контролата над поголемиот дел од Рас ал-Ајин, претходно објавија дека курдските сили YPG и натаму контролираа 30 отсто од градот.
Контроверзната Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR), чиешто седиште е во Лондон, извести дека од споменатиот град се повлекле околу 500 борци на SDF, откако од градот ги изнеле ранетие и телата на загинатите, како и дека арапско-курдската коалиција целосно го напуштила градот Раси ал-Ајин.
САД и Турција во четвртокот договорите петдневно примирје за да се овозможи повлекување на курдските сили во длабочина од 30 километри на сириска територија. Анкара на Вашингтон соопшти дека очекува дека ќе се придржува до ветувањата и нема да ја користи тактиката на одолговлекување за да ја сопре турската офанзива во североисточна Сирија против сириските Курди кои се сојузници на САД.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во четвртокот рече дека офанзивата ќе продолжи долколку повлекувањето не биде довршено во тој рок. Во саботата Ердоган рече и дека не верува дека ќе дојде до судири меѓу турските и сириските владини сили кои на повик лидерите на сириските Курди заземаа некои од нивните позиции.
Републиканскиот сентарот Линдзи Греам, кој го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп откако одлучи да дислоцира и да повлече дел од американските единици од североисточна Сирија, иако е негов поддржувал,. Во неделата рече дека вероива оти сега постојат „историски решенија, доколку картите се одиграат добро“.
Греам за телевизијата Fox News откри дека по разговорот со претседателот Трамп е поголем оптимист по прашањето на решенијата кои ќе гарантираат безбедност и за Турција и за Курдите.
„Сѐ поголем оптимист сум во врска со можноста дека во Сирија, доколку добро одиграме, да дојдеме до некое историско решение коешто со години ни се измолкнуваше“, рече Греам.