ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Сириските Курди негираат дека имаат врска со нападот во Истанбул

Сириските Курди кои ги поддржува Вашингтон негираа денес каква било врска со нападот во Истанбул во кој загинаа шест луѓе и за кој ги обвинија турските власти.

„Даваме уверувања дека нашите сили немаат никаква врска со експлозијата во Истанбул и отфрламе секакво обвинување против нив“, напиша на Твитер Мазлум Абди, главниот командант на Сириските демократски сили, чија милиција Единици за народна одбрана (ИПГ) Анкара ги обвини за нападот.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу ги обвини курдските сили ИПГ, кои го контролираат поголемиот дел од североистокот на Сирија, дека се одговорни за нападот.

„Проценуваме дека наредбата за нападот е дадена во Кобане“, кажа тој зборувајќи за вчерашниот напад во Истанбул во кој загинаа шест лица, а десетици се повредени.

Анкара од 2016 година почна низа офанзиви во Сирија, насочени против курдските милиции. Од мај, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се заканува дека ќе почне нова операција против Курдите во Сирија.

Поради тоа Турција денес го отфрли сочувството на САД, кои, според Анкара, „ги поддржуваат терористите“ од Кобане бидејќи ги вооружуваа Единиците за народна заштита во борбата против Исламска држава.

Турските власти за нападот го обвинија сирискиот огранок на Работничката партија на Курдистан (ПКК).

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.