ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Синот на Тахир Хани заменик-генерален секретар во Владата, вработен во ЕЛЕМ

Продолжува вработувањето на блиски членови на семејствата на функционери од ДУИ и по укажувањето на премиерот Заев.

Како најатрактивна компанија за вработување на блиските членови на владините функционери и натаму останува компанијата ЕЛЕМ.

Синот на Тахир Хани, заменик-генерален секретар во Владата, е нововработен во АД ЕЛЕМ. Назми Хани е вработен на местото референт во подружница Треска на Електрани на Македонија. Веста ја потврдија од компанијата.

Во оваа компанија вработен е и Виктор Стојчевски, син на пратеничката Мира Стојчевска од СДСМ. Според оваа компанија, тој ги исполнил бараните услови на конкурсот.

„Виктор Стојчевски е примен во редовен работен однос во компанијата по претходно објавен оглас за вработување. За работното место за кое конкурирал, наведениот ги исполнувал сите критериуми наведени во огласот. Комисијата одлучила почитувајќи ги сите законски одредби”, соопшти АД ЕЛЕМ.

Претходно во ЕЛЕМ се вработија и ќерката на собранискиот спикер Талат Џафери и синот на Мирослав Грчев, истакнат член на СДСМ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.