ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

СИНДИКАТИТЕ НАЈАВУВААТ ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

Ако Владата се оглуши на нашите барања и мирниот протест што денеска го организравме на плоштадот Слобода во Штип и по главните штипски улици најавуваме дека ќе организираме и други протести и во останатите градови во Македонија , а наскоро ако нашиот глас не се слуша најавуваме и генерален штрајк на вработените во јавниот сектор, рече Благоја Ралпковски, претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија на денешниот протест во Штип.

„Бараме пристојна плата за пристоен живот, усогласеност на платата со минималната плата, исплата на К-15 во јавниот сектор, работа без притисок и без мобинг, сигурност на работното место , почитување на законите и колективните договори и почитување на социјалниот дијалог и партнерство“, се вели во јавниот проглас на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.

Ралпковски рече дека е задоволен што и покрај студеното и снежно време и непреодните патишта сепак дошле неколку автобуси полни со синдикалци од повеќе градови во Источна Македонија за да го одржат закажниот протест заедно со синдикалците од Штип и од таму да ги испорачаат нивните барања до Владата. До неа веќе бил доставен синдикалниот проглас дека вработените во јавниот сектор протестираат за да не бидат дискриминирани и бараат да се почитува нивното право.

„Владата досега се оглушува на нашите барања, никој од нејзините преставници на пројавил интерес да разговара со нас, а ако после овој протест и натаму се оглушуваат тогаш ние ќе ги интезивираме протестите и за скоро време најавуваме генерален штрајк“, рекоа Ралпковски и останатите синдикалци кои денеска во Штип со свирежи и транспаренти продефелираа по главните штипски улици.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.