ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Симовски: Пописот е општествено-корисна акција, негово бојкотирање е на штета на сите

Одбивање да се учествува во пописот ќе им направи штета на сите граѓани на државата, вели директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски.

„Секој оној што ќе се обиде да одбие, да не учествува во пописот си прави штета себеси и на сите граѓани во државата. Апелирам сите да го прифатат пописот бидејќи ова е општествено-корисна акција, ова не е во интерес на ниту една политичка структура во државата, туку е во интерес на сите граѓани во државата. Податоците од пописот имаат голема употреблива вредност и пред сѐ во правец на развој на општеството, во сите елементи, од економија, образование, здравство, па сѐ до секојдневниот живот на граѓаните“,

рече Симовски.

Додаде дека за време на пописот секој податок ќе се проверува преку неколку бази на податоци и апелира за веродостојност на информациите што ќе им бидат давани на попишувачите. Симовски рече дека покрај базата на МВР, во која се регистрира влез и излез од државата, ќе се користи и базата од Министерството за здравство, МТСП, УЈП, но и други бази на податоци.

Во однос на изјавите за можно одложување на пописот, Симовски истакна дека како Завод за статистика не коментираат политички изјави и оти се водат од Законот за попис, каде што е утврден периодот за спроведување на пописот и сите рокови врзани со пописот и оти тој Закон мора да го почитуваат.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.