ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Силен подводен земјотрес кај Филипините: Потресот од 7,1 степен го разбуди стравот од цунами

Силен подводен земјотрес со јачина од 7,1 степен регистриран е кај јужниот брег на Филипини, а официјални лица од сеизмолошката национална агенција ги советуваше жителите на тој дел од земјата да ги одбегнува плажите поради евентуално цунами.

За сега нема извештаи за повредени или материјални штети.

Епицентарот на потресот се наоѓа околу 162 километри од провинцијата Давао.

Сеизмолошката агенција соопшти дека се можни последователни удари.

Експертите сметаат дека малку е веројатно дека би можело да дојде до големо цунами со оглед на длабочината на потресите и други фактори.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.