Силен земјотрес почувствуван во Бразил близу границата со Перу
Земјотрес со јачина од 6,8 степени го погоди западниот дел на Бразил во близина на границата со Перу.
Засега нема информации за евентуална штета или повредени.
Според АП, земјотресот е почувствуван и во Амазонија.
Американскиот геолошки институт објави дека епицентарот на земјотресот бил на околу 90 километри западно од Тараука.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од дури 575 километри поради што не би требало да се очекува поголема материјална штета од него.
Минатата година во август на границата на Бразил со Перу бил регистриран земјотрес од 7,1 степен.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: