СЗО: Тенденција на намалуње на смртноста од ковид за 20 проценти

Последните податоци на Светската здравствена организација покажуваат тенденција на намалуње на смртноста од ковид-19 за 20 проценти.
Истата трае 6 недели по ред. Заразата е особено намалена кај земјите од северна и јужна Америка, западниот Пацифик и во Европа, а зналително намалување на смртноста е забележано во Афика и југоисточна Азија, се вели во неделниот извештај на СЗО.
Ирска останува на строгите мерки против корона вирус најмалку до 5-ти април, иако властите најавија етапно отворање на училиштата од март. Иако бројот на заразени е во пад, бротанскиот сој ја менува ситуацијата и е потврден во 90 отсто од новите зарази.
Филипините ќе им дозволат на илјадници свои здравствени работници, главно медицински сестри, да работат во болниците во Велика Британија и Германија, ако двете земји се согласат да донираат вакцини за коронавирус. Филипинците, кои се сметаат за едни од најпогодените од вирусот во Азија, ја намалија забраната за распоредување на своите здравствени работници во странство, но сепак го ограничуваат бројот на медицински професионалци што ја напуштаат земјата на 5.000 годишно.
Грција ja повика Европската Унија да ги усвои т.н. „пасоши за вакцини“ против Ковид-19 со цел да се отвори туризмот и да се дозволат летни одмори. Грчките власти побараа од ЕУ приоритетно да го разгледа сертификатот за вакцинација и да го забрза донесувањето одлуки за протоколите за безбедно движење на европските граѓани од земја во земја. Иако Британската влада ја усвои забраната за несуштинско меѓународно патување, грчкиот министер за туризам Теохарис рече дека “Јас не ги разбирам таквите предупредувања, со оглед на напредокот што се прави во Велика Британија со вакцинацијата. Не можам да разберам зошто сега правиме чекори наназад“, рече тој.