СЗО СО МРАЧНИ ПРОГНОЗИ ЗА ОМИКРОН Повеќе од половина Европјани ќе се заразат ако вирусот се шири со оваа брзина
Европскиот регион на СЗО вклучува 53 земји и територии, вклучително и неколку во Централна Азија.
Повеќе од половина од населението во Европа ќе биде заразено со видот коронавирус во следните два месеци, доколку бројот на новозаразени продолжи да расте со оваа брзина, соопшти Светската здравствена организација.
– Со ова темпо, Институтот за здравствена метрика и процена предвидува дека повеќе од 50 отсто од населението во регионот ќе биде заразено со омикрон во следните шест до осум недели – изјави Ханс Клуге, регионален директор на Европската канцеларија на СЗО.
Европскиот регион на СЗО вклучува 53 земји и територии, вклучително и неколку во Централна Азија.
Клуге изјави дека во 50 земји имаат потврдени случаи на омикрон.
Клуге, исто така, рече дека 26 од тие земји пријавиле дека над еден процент од нивното население „страдало од ковид секоја недела“ од 10 јануари.
Тој нагласи дека „одобрените вакцини продолжуваат да обезбедуваат добра заштита од сериозни болести и смртни случаи, вклучително и омикрон“.