ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

СЗО се огласи за новиот сој откриен во Франција

Внимателно го следиме новиот сој откриен во Франција, велат од Светската здравствена организација (СЗО). 

Експертот Абди Махамуд денеска изјави дека СЗО од ноември внимателно го следи новиот сој на коронавирусот Б.1.640.2, кој го детектираа научници во Франција.

„Постојат три вида соеви – оние кои ги следиме, оние кои предизвикуваат интерес и оние кои предизвикуваат загриженост“, рече Махамуд. 

СЗО ќе продолжи да го следи тој сој, вклучувајќи го и неговото можно ширење во други европски земји.

Во Франција 12 пациенти во ист регион беа позитивни, а нивните тестови покажаа „нетипична комбинација“.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.