СЗО најави седница поради појавата на новиот вид коронавирус
Светската здравствена организација ќе одржи седница со сите свои членки за да разгледаат стратегија за борба против новиот вид коронавирус што се појави во Англија, изјавил директорот на европскиот дел на СЗО, Ханс Клуге, кој не кажал кога ќе биде одржана таа седница.
„Лимитирањето на патувањата за да се спречи ширењето е добро решение додека не добиеме повеќе информации. Транспортот на стоки и основни продукти би требало да остане во сила“, порача Клуге преку „Твитер“.
Организацијата во Женева соопшти дека нема потреба за општа паника поради новиот позаразен вид вирус додавајќи дека тоа е нормален дел од една пандемија, а притоа ги пофали напорите на Велика Британија да го спречи ширењето на новиот вид.
Во денешното соопштение СЗО повтори дека нема доволно информации за да се утврди дали новиот вид коронавирус може да влијае врз ефикасноста на постојната вакцина нагласувајќи дека во тек се истражувања.