СЗО за насилството врз жените: Ковид ја отежнува и онака драматичната состојба

Една третина од жените во светот се жртви на физичко, особено сексуално насилство, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО), а пандемијата само ја влошува ситуацијата. Околу 736 милиони девојки и жени постари од 15 години претрпеле напад, најчесто од партнерите истакнува СЗО во новиот извештај објавен ден по Меѓународниот ден на жената.
– Насилството врз жените е ендемско зло во сите земји и сите култури и им штети на милиони жени и нивните семејства, предупреди генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
– Иако досега нема цврсти докази, негативното влијание на пандемијата која трае до една година е јасно, принудувајќи стотици милиони луѓе да останат дома и предизвика светска економска криза, изјави д-р Клаудија Гарсија-Морено, коавторка на извештајот.
– Знаеме дека ситуацијата на многу жени се влоши, рече таа и откри дека 641 милиони жени, или 26 проценти од сите над 15-годишна возраст, биле жртви на насилство од партнерот.
Покрај тоа, финансиските тешкотии и стресот како резултат на децата дома и други проблеми поврзани со пандемијата може да предизвикаат ново насилство, додаде таа.