Се урна мал бугарски авион, двајца загинати
Мал авион од типот „Зодијак“ се урнал во Бугарија при што загинале пилотот и единствениот патник во авионот, објавија бугарските медиуми. Според полицијата во Пловдив, авионот бил на промотивна тура, а за време на летот едното крило се оддвоило, по што авионот се урнал во близина на стадионот во село Оризаре, на кој се одржувал фудбалски натпревар.
Пред 20 дена на Солунска Глава се урна уште еден бугарски приватен мал авион при што загинаа сите четворица патници во леталото од типот „Цесна“.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: