ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Се урна воен хеликоптер во Турција, деветмина загинаа

Девет војници загинаа, а четворица се повредени кога воен хеликоптер се урна во источниот дел на Турција, соопшти денеска турското Министерство за одбрана.

Хеликоптерот се урна во градот Татван во провинцијата Битлис, каде Курдите сочинуваат мнозинство од населението.

Повредените војници се веднаш пренесени в болница. Причината за несреќата се уште не е позната.

Хеликоптерот патувал кон Татван од блиската провинција Бингол кога исчезнал од радарите

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.