Се подготвува нов закон за градење: Ќе се реши ли урбаниот хаос
Подобрување на решенијата во областа на градењето, правата и обврските на учесниците во изградбата, употребата и одржувањето на градбата, постапката на одобрението за градење – ова се причините кои се наведени во објавата на ЕНЕР дека се подготвува нов закон за градење. Законот не е прикачен, стои само дека во постојниот закон постојат одредени недостатоци во областа на градењето поради што се предлага истите да се подобрат.
Инаку се подготвува и нов Закон за просторно и урбанистичко планирање за кои од О2 Иницијатива имаа низа забелешки. Оттаму тврдеа дека во предлогот има некои фрапантни решенија кои не го средуваат урбаниот хаос, туку напротив.
„Пред неполн месец Градежната комора на Македонија во паника бара од Министерството за транспорт и врски да најде начин и да го „заобиколи“ мораториумот во Центар и укинатите ДУПови во Карпош за да продолжат со градење и бара во најбрз можен рок да се донесат новите Закони за просторно и урбанистичко планирање и Законот за градење со кои „ќе се реши најголемиот проблем од изминатава година блокирање на веќе донесените ДУПови, велат од О2 Иницијатва.