ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Се очекува попладнево Владата и формално да ја прогласи кризната состојба во целата држава

Medical personnel at work in the intensive care unit of the hospital Pourtales site "Hospital Pourtales" during the coronavirus disease (COVID-19) outbreak in Neuchatel, Switzerland, Monday, March 23, 2020. (Jean-Christophe Bott/Keystone via AP)

Во Центарот за управување со кризи која ќе биде клучната државна институција по прогласувањето на кризната состојба забрзано се подготвуваат за претстојните задачи и координација со државните институции и приватниот сектор.

Управувачкиот комитет денеска го одобрил предлогот на претседателот Стево Пендаровски и Советот за безбедност за прогласување на кризна состојба на територијата на целата држава, со што барем законски повеќе нема пречки за прогласување на кризната состојба.

Со прогласувањето на кризната состојба ќе се активира и Главниот Штаб со кој ќе раководи Ангелов. Главниот штаб е во постојано заседавање и има задача да направи акциски план за превенција на ширењето на кроновирусот, целосен преглед на расположивите човеки и технички ресурси како во државниот така и во приватниот сектор како и план за координирано дејствување.

Она што е клучно е како ќе се располага со материјалните и човечки ресурси на приватниот сектор и кој ќе одлучува дали, кога и во колава мера треба да се вклучи. Користењето на ресурсите на приватниот сектор може да биде доброволно или да се плаќа а ценовниот е според тарифите кои ги има во Стопанските комори и асоцијации.

Законот за управување со кризи предвидува формирање локални кризни штабови во сите општини во државата, вкупно 80 и Град Скопје. Кризната состојба може да трае до 30 дена а за продолжување Владата ќе мора да бара дозвола од Собранието.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.