ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Се откажува од 1,5 милијарди долари за доброто на планетата: Во што вложува сега Бил Гејтс?

Основачот на компанијата „Microsoft“, мултимилијардер и еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс, најавил дека ќе издвои 1,5 милијарди долари за борба против климатските промени.

Според актуелните податоци, неговото лично нето богатство изнесува околу 130,8 милијарди долари.

Судејќи според листата на „Forbes“, најбогатиот човек на светот и натаму е Бернар Арно со 201,6 милијарди долари, потоа следат Џеф Безос (190,7 милијарди долари), Илон Маск (186,8 милијарди долари), па Бил Гејтс.

Контроверзниот Американец веќе подолго време е во центар на внимание во јавноста. Има луѓе кои го сакаат и го почитуваат тоа што го прави, но има и такви кои мислат дека сето тоа што го прави Бил е поради профит.

Сепак, Гејтс нашироко е познат по своето залагање за вакцините и борбата за зачувување на животната средина.

Инаку, дел од неговите пари ќе бидат насочени во неговиот инвестициски фонд „Breakthrough Energy“ основан во 2015 година, а ќе инвестира во соработка со американската влада, пренесува „CNN“.

„Избегнувањето на климатските катастрофи бара нова индустриска револуција. Мора да направиме технологија и производи кои не предизвикуваат емисија на штетни гасови“, изјавил Гејтс и додал дека „таа технологија мора да биде поевтина за цел свет да може да си ја дозволи“.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.