Се огласи Филипче: Шест починати, 129 нови случаи и 109 оздравени пациенти
Шест починати, 129 нови случаи и 109 оздравени пациентт е ковид билансот во земјата за последните 24 часа, информира министерот Венко Филипче. Во последните 24 часа, како што објави тој на Фејсбук профилот во услови на хакиран сајт на ресорното министерство, се направени 1.535 тестирања со позитивни резулати кај 45 лица во Скопје, 25 во Штип, по девет во Тетово и во Гостивар, седум во Куманово, по шест во Битола и во Кичево, пет во Струга, четири во Прилеп, по три во Охрид, во Кочани и во Свети Николе и по едно лице во Дебар, во Кавадарци, во Демир Хисар и во Делчево.
Починати се шест пациенти од кои пет од Скопје и еден од Струга, објави Филипче.
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 109 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 60, од Куманово – 7, од Штип – 16, од Прилеп – 1, од Тетово – 12, од Велес – 4, од Кавадарци – 2, од Гостивар – 6 и од Виница – 1. Досега во земјата се направени вкупно 92.550 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.797, бројката на оздравени пациенти е 5.254, на починати е 451, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 4.092, напиша Филипче.