ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Се запали траект пловејќи од Грција за Италија, спасените патници се пренесуваат на Крф

Акцијата за ослободување на двете лица кои се наоѓаат на бродот Еурофери Олимпија, на кој рано утринва избувна пожар сеуште трае .

Бројот на исчезнати е 11 или 12 лица, меѓу нив- двајца Грци, а меѓу исчезнатите има имигрант без патни исправи, објавија грчките власти..

Сите патници и членови на екипажот кои што успеале да влезат во чамците за спасување и да стигнат до Крф, се веќе идентификувани.

Десетмина од евакуираните лица се пренесени во болницата во Крф, со полесни повреди.

Според бродосопственичката компанија Грималди, пожарот на бродот избувнал во гаражата број 3, дека персоналот веднаш се мобилизирал за гаснење на пожарот и според пропишаните процедури, капетанот ги известил надлежните грчки и италијански властите и одлучиле да го напуштат бродот.

„Според информациите на крајбрежната стража, пожарот избувнал на палубата број 3 на бродот, кога се наоѓал североисточно од Ереикуса. На точката во близина на запалениот брод се упатија четири патролни чамци, брод на италијанската економска полиција, два пловечки брода, два приватни чамци и хеликоптер за да ги превезат евакуираните патници до пристаништето.“ Никос Лагкадијану , началник на грчка крајбрежна служба.

Сеуште не се познати причините зошто пламените јазици го зафатија автомобилскиот траект „Еурофери Олимпија“ кој пловел под италијанско знаме и сообраќал на релација Игуменица – Бриндизи.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.