Серија земјотреси го погодија грчкиот град Лариса во Централна Грција
Оштетени куќи, објекти, автомобили. Преполни улици со исплашени граѓани е сликата од Лариса по серијата земјотреси што го погодија овој град во Централна Грција. Најсилниот потрес бил со јачина од 6 степени по Рихтер. Се почувствува и во делови на нашата земја. Удри во 10 часот и 16 минути по локално време. Траел 15 секунди. На социјалните мрежи се објавени видеа од моментот кога удрил земјотресот.
Грчките медиуми објавија дека нема повредени лица. Спасувачките екипи успеале да спасат 80-годишен човек со попреченост кој останал заробен во неговата куќа кога се срушил дел од неа.
Според првичните проценки на локалните власти, причинетата материјлна штета не е голема.