ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Сензација во вселената, НАСА стигна до астероид кој би можел да удри во Земјата!

По двегодишна трка сонда на НАСА стигнала до астеродот Бену.

Роботскиот истражувач Острикс – Рекс синоќа се оддалечил 19 километри од вселенското летало, а во орбитата на астероидот би требало да влезе до крајот на годинава. Ниту едно вселенско летало досега не му пришло на едно вакво тело.

Астероидот Бену се смета за потенцијално опасен, а според проценките на научниците во непосредна близина на Земјата би можел да се најде за околу 150 години.

Доколку Бену би се судрил со Земјата најверојатно би направил огромен кратер.

Роботскиот истражувач Острикс – Рекс треба да собере најмалку 60 грами прашина и песок, што е прв ваков обид на САД, по една помала мисија на друг астероид спроведена од Јапонија.

Вселенскиот брод нема никаде да слета туку до 2020 година со помош на механичката рака долга три метри ќе се обиде да собира честички од астероидот.

Планирано е контејнер со пронајдените узорци да се врати на земјата, поточно во Јута САД во следните неколку години.

-Едвај чекаме истражувањето да започне, твитувал научникот од Универзитетот во Аризона, Данте Лаурет.

Астероидот Бену од оддалечен од Земјата 122 милиони километри и се проценува нега неговиот пречник е околу 500 метри.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.