Сенатот го ослободи Трамп од обвиненијата, може повторно да се кандидира
Американскиот Сенат вчера вечер го ослободи поранешниот претседател Доналд Трамп од обвиненија за поттикнување бунт и смртоносниот напад од неговите приврзаници врз Капитол, седиштето на американскиот Конгрес.
За вина на Трамп гласале 57 сенатори и 47 за ослободителна пресуда, но за осуда било потребно двотретинско мнозинство од 100 сенатори , однсно 67 сенатори.
На гласањето во Сенатот, на кое учествуваат по 50 демократски и републикански сенатори, на демократите им се придружиле седуммина републиканци.
Трамп ја напушти Овалната канцеларија на 20 јануари и е првиот поранешен претседател на САД на кого му се суди по напуштањето на функцијата, а во случај на пресуда од Сенатот, Трамп можеше да го изгуби правото да се кандидира за уште еден мандат.
Голем дел од судењето во последните денови се фокусираше на тоа колку Трамп знаел за постапките на неговите приврзаници кои упаднаа во Конгресот во обид да ги спречат пратениците од двата дома да ја потврдат изборната победа на Џо Бајден на претседателските избори во САД во ноември.
Осудувањето било малку веројатно затоа што најмалку 17 републиканци морале да се придружат на 50 демократи за да го прогласат Трамп за виновен.
Обвинението помина во Претставничкиот дом на 13 јануари, поддржано од десет републиканци, и го обвини Трамп за поттикнување приврзаници да извршат упад во зградата на Конгресот на 6 јануари, додека пратениците одржуваа седница за да ја потврдат победата на неговиот противник Џо Бајден.
Американскиот Сенат го прогласи судењето за Доналд Трамп за уставно во вторникот вечерта, со што се отвори патот за целосно судење на поранешниот претседател под обвинение за поттикнување насилство, а судењето на Сенатот започна во средата.
Два месеци по изборите на 3 ноември, победи на демократскиот кандидат Џо Бајден, Трамп упорно повторуваше неосновани тврдења дека му е украдена изборната победа, а неговиот обид да се стори изборниот резултат кулминираше по упадот на 6 јануари. Во потпалливиот говор на митингот, Трамп ги повтори обвинувањата за изборна измама пред своите приврзаници, проследено со напад врз Капитол, седиштето на законодавниот дом на САД.
Во нападите врз Капитол загинаа пет лица, вклучително и полицаец кој го обезбедувал Капитол.
Според адвокатите на Трамп, нападот бил „страшен“, но процесот е неправеден, а демократските обвинители се лицемерни – тоа е, според одбраната, „политичка одмазда“.
Одбраната сметала дека е апсурдно да се поврзе насилството со говорот, нагласувајќи дека Доналд Трамп ги повика приврзаниците да маршираат кон Капитол на „мирен и патриотски начин“.
Убедени дека Доналд Трамп повторно ќе го стори истото кога ќе се врати на власт, демократските обвинители ги повикаа американските сенатори да спречат поранешниот претседател да се кандидира повторно за да ги поттикне неговите приврзаници да го нападнат Капитол.