ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Сенатот гласаше за продолжување на второто судење против Доналд Трамп

Американскиот Сенат гласаше да започне судењето за поранешниот претседател Доналд Трамп за поттикнување на напад врз Капитол Хил на 6 јануари. Судењето, кое започнува денеска, се очекува да трае најмалку една недела и ќе има поддршка од дел на републиканците. Она што беше понудено како аргумент за импичмент на Трамп беше шокантното видео, со слики од насилство во Капитол со говорот на Трамп, во кој тој ги повикува демонстрантите да „се борат силно“. Видеото беше прикажано од девет демократи во Претставничкиот дом, кои играат улога на обвинител во случајот, и бараат Трамп да сноси одговорност.

„Не можеме да имаме претседатели кои организираат и мобилизираат насилни толпи против нашата Влада, нашите институции, бидејќи тие одбиваат да ја прифатат волјата на народот и Уставот на САД. Можеме ли да создадеме „нов јануарски исклучок“ во нашиот Устав, за кој наши претходни генерации ги дадоа своите животи?!, рече Џами Раскин, демократ.

За адвокатите на Трамп, судењето е неуставно и има за цел да ги забрани понатамошните политички активности на поранешниот претседател.

„Судскиот процес не може да продолжи. Импичментот не може да резултира со ништо друго освен отстранување од канцеларијата . Претседателот Трамп повеќе не е во канцеларијата. Целта на Уставот е постигната. Тој е отстранет од гласачите“, рече Брус Кастор, адвокат на Трамп.

Поранешниот претседател Трамп е прв на кој ќе му се суди од Сенатот.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.