ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Северна Кореја лансира повеќе неидентификувани ракети

Северна Кореја утрово лансира повеќе неидентификувани проектили, пренесува новинската агенција „Јохап“ цитирајќи го Генералштабот на армијата на Јужна Кореја (ЈЦС).

Од ЈЦС посочија дека проектилите биле лансирани од полуостровот Ходо во провинцијата Јужен Хамгјонг на источниот брег на Северна Кореја.

„Јохап“ пишува дека ЈЦС ја следи ситуацијата во случај да има нови лансирања и е постојано во состојба на подготвеност

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.