ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Северен тек: Кој се сака, тој се тепа за моќ

Се закануваше ли германско-француска кавга за гасоводот на отворена сцена? И зошто претседателот Макрон веќе не настапува заедно со канцеларката Меркел? Коментар на Кристијан Трипе.

Тоа беше политичка провокација каква што вообичаено се случува меѓу држави кои срдечно не се поднесуваат. Кога такво нешто меѓутоа се случува меѓу две земји кои само што ставиле потпис под нивното божем нескршливо пријателство, тогаш тоа мора да е љубов. Или пропадната љубов, што, како што знаеме, е уште полошо.

Конзорциум под водство на руски Газпром веќе четири години гради нов гасовод низ Балтичкото Море. Северен тек 2 од почетокот им беше трн в око на источните Европејци од ЕУ. Но, со оглед на тоа што во конзорциумот покрај германски фирми учествува и еден полудржавен француски енергетски џин, противниците на Северен тек во Брисел немаа начин да го спречат. Кога Германија и Франција ќе се здружат, тие го определуваат курсот на ЕУ.

Но, во четвртокот одеднаш се случи пресврт – толку брзо, што на некои во Берлин им се одзеде здивот и им се врза јазикот. Француската влада, како што беше речено во Париз, ќе се спротивстави на Северен тек 2. Европската унија, според калкулациите на противниците на Северен тек 2,требаше толку да ги заостри критериумите за гасоводот, што тој економски би станал сосема неисплатлив.

 

Infografik Karte Gaspipelines Europa Nord Stream EN

На крајот не дојде до такво нешто. Да ја скратиме комплицираната приказна: Германија и Франција во последен момент направија еден од познатите бриселски компромиси – многу зборови, многу драма, а сѐ останува по старо.

Зошто сето тоа? Зошто закани од Париз за промена на страната и тоа додека канцеалрката Ангела Меркел води разгвоори со претставници на источноевропските земји кои сакаа да го спречат гасоводот, а не знаеја како? Но, тоа не беше единствениот судир. Францускиот претседател Емануел Макрон уште претходно соопшти дека наредната недела нема да дојде на Минхенската безбедносна конференција, каде требаше да настапи заедно со Меркел.

Deutsche Welle Dr. Christian F. Trippe TV Berlin (DW/B. Geilert) Кристијан Трипе

Во Париз одамна растат фрустрациите поради тоа што со германските партнери се случува премалку на полето на безбедносната политика. Зашто, освен убави зборови од Берлин не доаѓаат и доволно дела. Германците и Французите сакаат заедно да произведуваат авиони и тенкови, изјавите за намери се потпишани, но двете земји не можат да најдат заедничка линија во делот на извозот на оружје. Стратешките култури се разликуваат премногу.

Така, сега е отворен пазарот на шпекулации за тоа дали Макрон токму од овие причини го откажа заедничкот појавување со Меркел во Минхен, иако како официјална причина наведе дека нема време. Се верува дека тој не е расположен за говоранции, туку сака конкретни дела. Во договорот за пријателство, потпишан неодамна во Ахен, двете страни се обврзаа на синхронизирана надворешна и безбедносна политика, како и на тоа дека ќе бидат на иста линија кога се во прашање важните одлуки на ЕУ.

Тоа не се случи во натегањето околу гасоводот. Но, и Берлин беше и сѐ уште е наклонет кон политички соло-акции, кои не секогаш се усогласени со партнерите во Париз. Ако на работите се гледа од тој агол, избегнатото фијаско на Северен тек 2 изгледа поинаку: како остра повратна топка, како израз на борба за превласт. Кој се сака, тој се тепа – за моќ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.