СДСМ поднесе амандман на Резолуцијата – додадено е уставното име
![](https://edo.com.mk/wp-content/uploads/2019/03/sdsm.jpg)
СДСМ поднесе амандман на Резолуцијата и така во содржината се додава уставното име на државата „Република Северна Македонија“, пренесува Телма. За оваа резолуција предвидено е да се расправа во Собранието во текот на следната седмица.
![](https://fokus.mk/wp-content/uploads/2021/07/amandman.jpg)
Со мнозинство од 85 гласа, 1 воздржан и 4 против, пратениците одлучија Резолуцијата да биде втора точка на дневниот ред и да се разгледа веднаш по гласањето за ребалансот на буџетот.
СДСМ потенцира дека за нив суштината на Резолуцијата за црвените линии со Бугарија е сосема прифатлива без било какви интервенции, но изоставувањето на додавката „северна“ во името на државата, би било кршење на Уставот.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: