ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и коалициите ги поднесоа кандидатските листи во ДИК

Претставници на коалицијата „Можеме“ и на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ синоќа ги доставија листите за кандидати за пратеници во Државната изборна комисија.

„На овие листи се наоѓаат 120 имиња, одговорни граѓани кои ја сакаат својата земја, кои се спремни да направат сè за својот народ и да се вложат себеси во професионална работа на независен парламент. Ова е најголемата коалиција моментално, составена од различни партии кои се обединети околу она што е важно за граѓаните и иднината на државата како што е членството во НАТО и ЕУ, силен економски раст, поголеми плати и пензии, грижа за сите, правна и праведна држава и здрава животна средина“, изјави Дамјан Манчевски од СДСМ.

Токму тоа, додаде тој, се клучните столбови околу кои се обединија различни политички партии, зад кои застанаа сите етнички заедници во коалицијата „Можеме“ и кои носат уште побрз и посилен напредок на земјата.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, рече дека ги поднеле победничките кандидатски листи кои што на изборите на 12 април ќе издвојуваат една огромна, убедлива, историска победа за обнова на Македонија.

„Со ова практично го завршуваме овој дел од да кажеме преткампањата, нè очекуваат неколку дена каде што ќе ги поминеме пред сè во однос на барање алтернативни начини како да останеме во непосреден контакт со граѓаните притоа секако почитувајќи ги препораките и мерките пред сè на Светската здравствена организација со оглед на моменталната ситуација во однос на коронавирусот“, реч Јанушев.

Тој кажа дека во следните неколку дена партијата ќе соопшти и конкретно како ќе ја води кампањата.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.