ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

СДСМ го осуди настанот со експлозијата во пекарата на Мисајловски

СДСМ го осуди настанот во врска со експлозијата во семејната продавница (пекара) на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски. Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов по тој повод ги повика надлежните институции до крај да го истражат овој настан со крајна цел да го најдат сторителот.

„Најповикан во овој случај е Наќе Чулев, министер во МВР коишто имаме можност ние сите како граѓани да видиме како го злоупотребува МВР, секако можевме да видиме како си снима видео спот за сопствени и партиски цели, наместо да се грижи и занимава со обврската која ја има како министер во МВР“, рече Костадинов.

Партискиот портпарол ја искоментира и објавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој претходно денеска директно ги обвини СДСМ за експлозијата во пекарата. Костадинов изјави дека твдењата на Мицкоски се лага.

„Уште еднаш ќе повторам станува збор за лажни вести и го повикувам Мицкоски да каже од каде му е таквата информација, дополнително затоа што сме сигурни за она што го кажуваме го повикуваме МВР да го истражи случајот и да ја потврди лажната вест на Христијан Мицкоски“, рече Костадинов.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.